јануари 23, 2025

ТАВ Македонија и Меѓународниот Аеродром Скопје не продаваат изгубен багаж

ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми, Меѓународниот аеродром Скопје и Aеродромот Св. Апостол Павле Охрид, ја известува и предупредува јавноста за лажни страници и профили на социјалните мрежи преку кои наводно се продава изгубен багаж на аеродромот ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, сака да ја информира, а истовремено да ја предупреди јавноста дека, за жал, има лажни страници и профили на социјалните мрежи, на кои наводно се продава изгубен багаж на Меѓународниот аеродром Скопје.

IMG_6494.png

Ова се лажни објави на социјалните мрежи преку кои се шират лажни информации за наводна продажба на изгубен багаж во име на Меѓународниот Aеродром Скопје, односно аеродромскиот оператор ТАВ Македонија, а понатаму, корисниците се пренасочуваат на линкови до веб-страници, каде што се бараат лични податоци и детали од банкарски сметки со цел да бидат измамени да направат трансакција.

IMG_6495.png

Затоа, апелираме до јавноста да бидат внимателни додека се онлајн, особено кога се бара да ги вметнат своите лични податоци и детали за трансакциски сметки, кои може дополнително да бидат злоупотребени.

Како сериозна и одговорна компанија која се грижи за своите клиенти, ТАВ Македонија ќе ги преземе сите правни мерки за заштита на својот углед, особено затоа што во аеродромската дејност изгубениот багаж им се враќа на сопствениците согласно утврдена процедура, односно со изгубениот багаж никогаш не се тргува.

Skopjeinfo

Read Previous

Косово во Давос потпиша договор за слободна трговија со ЕФТА