јануари 22, 2025

МНР: Нема информации за македонски државјани сместени во изгорениот хотел во Турција

Голем пожар целосно го пеплоса хотелот во турскиот ски центар Болу.

Загинаа 66 лица, а најмалку 51 лице се повредени, соопштија турските власти.

ТВ21 праша во Министерството за надворешни работи, дали имаат информации за евентуално повредени македонски државјани, сместени во овој хотел.

Од таму за ТВ21 информираат дека засега нема информации за повредени македонски државјани.

„Засега нема информации за повредени македонски државјани. Амбасадата е во редовен контакт со надлежните институции. За сите дополнителни информации, навремено ќе ја информираме јавноста“, велат од МНР за ТВ21.

TV21

Read Previous

Се санира и реставира музејскиот комплекс Куќата на Робевци

Read Next

Оскаровска Гала вчера со безвременски филмски хитови