јануари 22, 2025

Стана инспирација: Алмир од Босна и Херцеговина на една нога ги освојува скијачките патеки

Познатиот сараевски угостител на 8-годишна возраст доживеал тешка сообраќајна несреќа. Тоа што ја изгубил едната нога не го поколебало и го задржал позитивниот поглед кон животот што на крајот го довело до скијање.

Храбриот Алмир Дрнда од Босна и Херцеговина, познат како Халф, стана инспирација за скијачите на Бјелашница, откако го совлада скијањето на една нога затоа што другата му е ампутирана, јавува Анадолу.

Познатиот сараевски угостител на 8-годишна возраст доживеал тешка сообраќајна несреќа. Тоа што ја изгубил едната нога не го поколебало и го задржал позитивниот поглед кон животот што на крајот го довело до скијање.

– Неверојатно чувство –

„Се надевам дека повеќе лица со извршена ампутација ќе ги поттикнам да скијаат бидејќи нѐ има, ние сме земја што изглезе од војна. Не е тешко, може да се направи“, рече 47-годишниот жител на Сараево во интервјуто за Анадолу.

almir1_.jpg

Дрнда рече дека сè започнало откако го убедил локалниот инструктор и дека имал поддршка од сите што тој ден се нашле на планината.

За неговата желба најдобро зборува тоа што скиите ги добил во вечерните часови, а по половина час, во 21:30 часот, бил на патеката на Бјелашница.

„Брзо организирав сѐ за да се качам на скии и да почнам да скијам. Бев среќен како мало дете. Видов деца и луѓе како скијаат и навистина сакав да скијам. Првото чувство беше неверојатно“, изјави Дрнда.

Вистински предизвик го чекал наредниот ден кога со инструкторот имал четиричасовно спуштање по детската патека.

almir2_.jpg

„Се спуштивме, веќе беше темно, патеките беа затворени. Влеговме во ‘Бенетон’ (ресторан на подножјето на патеката, заб.ав.) и во главата ми беше мислата да се откажам. Си помислив, се спуштив и тоа е тоа. Ова не е за мене“, рече Дрнда.

– Стана дел од планината –

Во тој момент ја добил поддршката од присутните гости што му честитале на волјата и трудот и го охрабриле да продолжи.

almir3_.jpg

„Ако се откажев, ќе ги изневерев децата, планината, себеси и сите. Би ми било жал. Сега уживам и тоа е тоа. Навистина уживам. Сега ова е зависност. Ме исполнува. Јас сум дел од планината и максимално уживам во неа. Друштвото е одлично, планината е врв, патеката. Сѐ е одлично. Нема мерило за ова чувство на среќа“, изјави тој.

Тој нагласи дека имало изненадувачки број реакции и коментари за неговото скијање и видеото што е објавено на социјалните мрежи на Олимпискиот центар Бјелашница и Игман.

„Ми пријде едно момче, вели дека сум негова инспирација. Почнал да скија. Се надевам дека ќе дојдат уште лица на кои им е извршена ампутација. Тука сум, ќе помогнам. Ништо не е тешко, нема оптоварување, може да се направи“, рече Дрнда.

AA

Read Previous

Еуроњуз: Македонија, Србија и Полска со најзагаден воздух во Европа

Read Next

Просечната нето плата во ноември 41.999 денари