јануари 20, 2025

Осум загинати, седуммина повредени во пожар во Дом за стари лица во Србија

Министерот за труд, вработување и социјални работи на Србија, Немања Старовиќ, изјави дека се сомневаат дека пожарот е подметнат.

Во пожар што избувна рано утрово во Дом за стари лица во предградието на Белград, главниот град на Србија, загинаа осум лица, а седум се повредени, јави српската јавна телевизија РТС, пренесува Анадолу.

Министерот за труд, вработување и социјални работи на Србија, Немања Старовиќ, за РТС изјави дека се сомневаат дека пожарот е подметнат.

Пожарот во домот кој се наоѓа во Велики Борк во белградската Општина Бараево е изгаснат со итна реакција на пожарникарите, а потврдено е дека од огнената стихија се спасени 13 лица.

Надлежните рано утрово во 3 часот и 22 минути добиле пријава за пожар во дом за стари лица, а по пристигнувањето на местото на настанот, припадниците на Секторот за вонредни ситуации на Министерството за внатрешни работи на Србија го затекнале пожарот во распламтена фаза, објавија надлежните.

AA

Read Previous

„Пајакот“ крена 132 непрописно паркирани возила во Центар

Read Next

Турски туристи безбедно извлечени откако се изгубиле кај езерото „Матка“