јануари 18, 2025

Хрватскиот вицепремиер и министер за земјоделство Дабро поднесе оставка

Од морални причини поднесувам неотповиклива оставка од функцијата министер за земјоделство, шумарство и рибарство, изјави Јоспи Дабро.

Вицепремиерот на Хрватска и министер за земјоделство, шумарство и рибарство Јосип Дабро поднесе оставка, за што синоќа ја информираше јавноста преку социјалните мрежи, известува Анадолу.

„Поднесувам неотповиклива оставка од функцијата министер за земјоделство, шумарство и рибарство од морални причини“, се вели во објавата на Дабро на социјалната мрежа Х.

„За време на мојот мандат се раководев од јасна визија и решителност да ги воведам многу потребните промени во секторот земјоделство, шумарство и рибарство, борба против неправилностите и воспоставување транспарентни и правични односи во мојот ресор“, тврди Дабро во објавата.

„Но, во тој процес се соочив со изразени притисоци и закани и во моментов сум се наоѓам под полициска заштита“, додаде тој.

Тој изјави дека е подготвен да ја продолжи борбата за подобрување на ресорот што го водеше и оти е свесен дека околностите во кои се наоѓа создаваат дополнителен товар и за владата и за неговата партија.

Дабро истакна дека ќе остане посветен на својата професија и ќе придонесува за заедницата на други начини.

Тој поднесе оставка откако беше објавено видео на кое се гледа како пука од пиштол од совозачкото седиште низ прозорецот на автомобил во движење, за што прво се извини и изрази жалење, додавајќи дека инцидентот се случил пред неколку години и дека пукал со маневарски куршуми во „момент на непромисленост“.

AA

Read Previous

Скопје ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство во 2026 година

Read Next

Сиљановска-Давкова: Членството во ЕУ беше и останува врвен македонски државен интерес и приоритет