јануари 18, 2025

Симулациска вежба на кандидатите за полициски службеници за одговор при природна непогода

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес во Центарот за обука на МВР во Идризово, присуствуваше на симулациска вежба со кандидатите за полициски службеници, за одговор на полицијата по случена природна непогода – земјотрес и нарушување на ЈРМ од поголем обем.

„Вежбата се организира во рамките на теренско тактичката обука на кандидатите за време на последната работна недела на кандидатите од генерација 2024/2025. За симулациската вежба беше подготвено сценарио за прикажување на одговор на настаната ситуација од земјотрес. Целта на вежбата е да се претстават вештините на кандидатите за полицаец во делот на обезбедување прв одговор во случај на природна непогода и тоа преку обезбедување помош и поддршка на населението, обезбедување лице место и спасување на настрадани како и одговор на полицијата при нарушен Јавен ред и мир од поголем обем. Во спроведувањето на вежбата активно се вклучија: Црвен крст, Единицата за брзо распоредување, Единицата за службени кучиња и граничната полиција“, потенцираше министерот Тошковски.

Тошковски подвлече дека со таквите практични вежби се симулира реалност во која идните полициски службеници ќе можат да ја демонстрираат својата подготвеност за работа во сложена безбедносна состојба и е можност за унапредување на соработката и координацијата со Црвениот крст која е од суштинско значење во вакви реални ситуации.

ZOOM

Read Previous

Средба на Владата и Синдикатот по враќањето на премиерот од САД

Read Next

Скопје ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство во 2026 година