Во овој период кога се менуваат глобалните сојузи и се зголемуваат геополитичките превирања“, нагласи Муртезани, „партнерството меѓу Туркије и балканските земји е ‘не само значајно, туку и неопходно’.
Министерот за европски прашања на Северна Македонија, Орхан Муртезани, одржа говор на панелот „Северна Македонија на патот кон Европската Унија (ЕУ)“ организиран во Анкара од Фондацијата за политички, економски и социјални истражувања (СЕТА), јавува Анадолу.
Муртезани во својот говор истакна дека богатата култура, јазик и традиција на Туркије имаат длабоко значење не само за него, туку и за огромното мнозинство од народот на Северна Македонија. Тој потсети дека Туркије е една од првите земји што ја призна независноста на Северна Македонија.
„Од нашата сегашна соработка во рамките на НАТО, до европските интеграции, Туркије отсекогаш се покажала како сигурен сојузник и солиден партнер“, рече Муртезани.
„Во овој период кога се менуваат глобалните сојузи и се зголемуваат геополитичките превирања“, нагласи Муртезани, „партнерството меѓу Туркије и балканските земји е ‘не само значајно, туку и неопходно’.“
Зборувајќи за интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, Муртезани рече дека тоа не е само стратешка цел, туку претставува и мисија за зајакнување на стабилноста на демократијата и просперитетот во регионот.
„Ние одиме напред без да се откажеме од нашата посветеност да ги завршиме реформите кои ќе нè доближат до интеграцијата. Сепак, веруваме дека решителноста што ја покажавме во овие напори треба да биде реципрочна од ЕУ, со исто ниво на посветеност и решителност. Овој процес треба да биде двонасочна улица, нашите барања и напори мора да бидат исполнети со конкретни чекори и јасна политичка волја во ЕУ“, истакна Муртезани, нагласувајќи дека на овој начин европската перспектива за балканските земји, и пошироко, може да се стане веродостојна и достапна.
Според него, патувањето на Северна Македонија и Туркије во оваа насока „покажаа невидена издржливост“.
„Северна Македонија е пример за земја која постојано ја демонстрира својата непоколеблива посветеност на европскиот проект. Но, за жал, сѐ уште неизвесно чекаме во чекалната на ЕУ“, нагласи тој.
„Овој долг и мачен процес“, нагласи Муртезани, „го тестираше трпението не само на локалните институции, туку и на народот.“
По говорот на Муртезани, панелот чијшто модератор беше Мехмет Угур Екинџи од СЕТА, продолжи со делот на којшто министерот одговараше на прашањата од присутните.
AA