Туркије ќе продолжи да стои покрај населението на Газа и да ги мобилизира сите средства за да и помогне на Газа да заздрави и да застане на нозе.
Туркије се надева дека договорот за прекин на огнот во Газа ќе ја отвори вратата за траен мир и стабилност за „нашите браќа и сестри Палестинци“, како и за регионот и целото човештво, рече денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.
Туркије ќе продолжи да стои покрај населението на Газа и да ги мобилизира сите средства за да и помогне на Газа да заздрави и да застане на нозе, порача Ердоган преку платформата X, нагласувајќи дека Туркије го поздравува договорот за прекин на огнот меѓу палестинската група Хамас и Израел.
„Ги поздравуваме херојскиот народ и храбрите синови и ќерки на Газа кои храбро ја бранат својата земја и слободи пред израелските незаконски и нехумани напади“, истакна тој.
Туркије никогаш не ги остави сами своите „палестински браќа и сестри“ во нивната борба против угнетувањето и угнетувачите, додаде Ердоган.
Претходно, катарскиот премиер и министер за надворешни работи Мухамед бин Абдулрахман го објави успехот на посредниците во постигнувањето договор за прекин на огнот во Појасот Газа, истакнувајќи дека неговото спроведување ќе започне во недела.
AA