јануари 14, 2025

Со традиционално дефиле на маски започна Вевчанскиот карневал

Овој карневал се смета за еден од најголемите уникатни културни куриозитети во Северна Македонија и пошироко, со традиција долга над 1.400 години.

По повод Нова година според стариот јулијански календар, во Општина Вевчани се одржува традиционалната манифестација „Вевчански карневал“, пренесува Анадолу.

Овој карневал се смета за еден од најголемите уникатни културни куриозитети во Северна Македонија и пошироко, со традиција долга над 1.400 години. Вевчанскиот карневал, кој се одржува по повод Нова година според стариот календар, е познат по тоа што на сатиричен начин, преку разни маски и персонификации, ги претставува настаните од јавниот и политичкиот живот.

Карневалот трае два дена, а утре сите учесници ги палат маските, со симболика дека злото нема да се повтори.

Инаку, Вевчанскиот карневал е стар повеќе од 1.400 години и негува одредени специфични обичаи. „Зетот“ и „Невестата“ се главни ликови-маски на карневалот.

Маските се чуваат во најголема тајност и никогаш не се повторуваат на некој од наредните карневали.

AA

Read Previous

Забрани за тешки моторни возила на неколку патни правци, врнежи од снег со променлив интензитет се бележат низ целата држава

Read Next

ИЈЗ: Шест нови случаи на Ковид-19, постои ризик за ширење на вирусот