Најмалку шест шумски пожари сè уште горат низ округот Лос Анџелес, во кои досега животот го загубија 11 лица.
Пожарникарите сѐ уште се борат за да ги стават под контрола огромните шумски пожари во Лос Анџелес, кои опустошија неколку подрачја низ вториот по големина град во Соединетите Американски Држави (САД), јавува Анадолу.
Најмалку шест шумски пожари сè уште горат низ округот Лос Анџелес, во кои досега животот го загубија 11 лица, соопшти Калифорнискиот оддел за шумарство и заштита од пожари.
Пожарите заклучно со вчера опожарија 36.000 хектари, уништија повеќе од 12.000 објекти, а над 100.000 луѓе се под наредба за евакуација.
Најголемиот пожар опожари 21.317 хектари во и околу луксузната населба Пацифик Палисејдс во близина на брегот. Понатаму во внатрешноста, пожарот Итон опожари 14.117 хектари во подножјето во и околу градот Алтадена, североисточно од центарот на Лос Анџелес.
Пожарот Палисејдс е 8% локализиран, додека пожарот Итон останува на ниски 3% локализираност поради силните ветрови.
Четирите други помали пожари – пожарите Хрст, Лидија, Арчер и Кенет – исто така горат во подрачјето на Лос Анџелес.
AA