јануари 9, 2025

Акција на косовската полиција во Северна Митровица, постојат сомнежи за фалсификување документи

Акцијата се спроведува во објектот кој наводно работел како канцеларија на Министерството за финансии на Србија, а сомнежите се дека во овој објект се вршени незаконски дејствија, како фалсификување документи.

Косовската полиција утринава започна акција со затворање на објект на „српските паралелни структури“ во Северна Митровица, пренесува Анадолу.

Локалните медиуми информираат дека акцијата се спроведува во објектот кој наводно работел како даночна канцеларија на Министерството за финансии на Србија, додавајќи дека сомнежите се дека во овој објект се вршени незаконски активности, како фалсификување документи.

Според локалните медиуми, полициски службеници зеле изјава од лице вработено во оваа институција, додека на терен биле присутни и припадници на ЕУЛЕКС.

Полициски претставници за локалните медиуми изјавија дека нема уапсени, додека објектот е затворен до целосна проверка на фактите.



AA

Read Previous

СДСМ: Христовски нема сертификат од НАТО

Read Next

Од полноќ значително поскапување на горивата – Ова ќе бидат новите цени