Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, преку објава на социјалната мрежа Икс, информираше дека со неизмерна тага утринава се потпишала во Книгата на жалост во Амбасадата на Црна Гора во Скопје.
„За жал, поводот беше трагедијата во Цетиње во која повеќе луѓе, меѓу кои и деца, беа убиени, а мнозина повредени.
Изразувам длабоко сочувство за починатите, поддршка до семејствата и надеж за опоравување на повредените.
Во деновите на жалост, моите мисли, чувства и молитви се со блискиот црногорски народ“, вели претседателката.
TV21