јануари 8, 2025

Тошковски: Новогодишната ноќ мина генерално мирно, приведени 33 лица, имало 28 сообраќајки

За време на новогодишната ноќ, приведени биле 33 лица, а се случиле 29 кривично-правни дела низ државата. Ова го информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој кажа дека се случиле 28 сообраќајни незгоди.

„На територијата на државата се направени 29 кривични дела, и приведени 33 лица од кои 14 се поврзани со трговија со дрога. Имало околу 28 сообраќајни незгоди, за среќа немавме сообраќајни несреќи со потешки последици, па така можам да заклучам дека имавме мирна новогодишна ноќ. Да упатам благодарност до сите полициски слуќбеници кои беа на вистината на задачата во текот на вечерта“, рече Тошковски од Михајлово каде што беше на отворање на новиот ски центар.

TV21

Read Previous

Муцунски: Евроинтеграцијата, активниот придонес во НАТО и партнерството со САД остануваат во фокусот и оваа година

Read Next

Стотици илјади луѓе се собраа во Истанбул првиот ден од Нова година за поддршка на Палестина