јануари 10, 2025

Од денес нема да важат личните документи и возачките дозволи со старото уставно име

Од денес личните документи и возачките дозволи со старото уставно име нема да важат. Оние кои ќе бидат затекнати со стара возачка, ќе бидат санкционирани со парична казна од 100 евра.

“На пунктовите веќе подолго време не се забележува метеж, службите функционираат со полн капацитет, а процесот на замена тече без проблеми”, велат од МВР.

Согласно Преспанскиот договор, по промената на уставното име на државата, граѓаните имаа обврска да ги променат патните исправи, личните карти и возачките дозволи.

Skopje1

Read Previous

Неработни денови за 2025 година

Read Next

Димитриеска-Кочоска: Во новата година очекуваме подобри резултати втемелени на нашиот концепт заснован на инвестиции