Косово во 2024 година увезе стоки за приближно 6,3 милијарди евра, а Туркије се најде на прво место меѓу земјите од каде што има најголем увоз.
Косово во 2024 година увезе стоки за приближно 6,3 милијарди евра, а Туркије се најде на прво место меѓу земјите од каде што има најголем увоз, известува Анадолу.
Директорот на косовската царина Агрон Љугалиу на прес-конференцијата за оцена за крајот на годината рече дека неговата земја најмногу увезува од Туркије.
Истакнувајќи дека Косово годинава направило увоз во вредност од приближно 6,3 милијарди евра, Љугалиу информираше дека со 909 милиони евра Туркије се наоѓа на прво место, по која следува Германија на второ место, а Кина е трета.
Љугалиу нагласи дека оваа година од царински давачки биле ослободени стоки во вредност од околу 54 милиони евра во рамките на договорот за слободна трговија меѓу Косово и Туркије, кој стапи на сила во 2019 година.
Љугалиу рече дека годинава собрале околу 1,8 милијарди евра царини за буџетот на државата, а запленета е стока во вредност од 19,3 милиони евра.
На прес-конференцијата присуствуваше и косовскиот министер за финансии, труд и трансфери, Хекуран Мурати.
Туркије, исто така, беше земја од која Косово увезуваше најмногу во 2022 и 2023 година.
AA