Целосно ме разоружаа искрените детски прегратки, што со љубов ми го окупираа срцето додека им ги врачував новогодишните пакетчиња, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова во својата објава на мрежата „Икс“.
-Од нивните насмеани очиња и зацрвенети обравчиња им се читаше возбуда и љубопитност да ѕирнат во празничното пакетче, кое секое од нив го доби непосредно пред новогодишната ноќ. Детскиот и мелодичен џагор ни го разубави и развесели Кабинетот, каде што вредно работат нивните родители. Нема поголема среќа од тоа да ја споделам празничната магија со нив, да ги видам нивните насмевки и радост додека уживаа во прекрасната новогодишна претстава. Должност ни е да им обезбедиме организирана, праведна и просперитетна татковина, од која нема да се нестрпливи да заминат, напиша претседателката Гордана Сиљановска Давкова на социјалната мрежа „Икс“.
TV21