декември 23, 2024

Во сабота најголем дел од Скопје без вода, поради санација на дефекти

На 21 декември , сабота , јавното птретпријатије „Водовод и канализација“ ќе го затвори главниот градски цевковод во кругот на касарната во Ѓорче Петров поради санација на сериозни дефекти. Процесот на санација ќе опфати поправка на еден од поголемите дефекти на улицата Никола Парапунов во Карпош 4, каде веќе десетина дена има излевање на вода на улицата. Цевководот ќе биде затворен до завршување на интервенцијата.

„Додатно ќе се санираат и три други дефекти на затворачи по должината на главниот цевковод Ф1600мм, од кружниот тек во Ѓорче Петров до раскрсницата на булевар Партизански одреди со улица Никола Парапунов“, соопштија од „Водовод и канализација“.

Затворањето ќе биде направено на локација во кругот на касарната во Ѓорче Петров, при што ќе се исклучи водоснабдувањето на главниот градски цевковод Ф-1600 милиметри. Ова затворање не се случува често, последниот пат било во 1991/1992 година, а зафатот е неопходен за решавање на дефекти од овој тип.

Додека се изврши санацијата, жителите на Карпош 4 продолжуваат да се соочуваат со проблеми од поплавени улици, тротоари и зелени површини, со насобран смет, што е сериозен проблем за локалното население.

Skopje1

Read Previous

„Пајакот“ минатата недела крена 155 непрописно паркирани возила во Центар

Read Next

Турските војници „Мехметчик” ги обучува Косовските војници