декември 12, 2024

Општина Центар Жупа сака да им ги претстави своите историски и географски убавини на туристите

Додека Северна Македонија, како и многу земји на Балканот, го доживува проблемот со миграција на населението во Европа, Општина Центар Жупа сака да ја спречи оваа миграција со презентирање на нејзините историски и географски убавини на туристите

Центар Жупа, турска општина во Северна Македонија, сака да им ги претстави своите историски и географски убавини на туристите, пишува Анадолу.

Додека Северна Македонија, како и многу земји на Балканот, го доживува проблемот со миграцијата на своето население во Европа, турската Општина Центар Жупа сака да ја спречи оваа миграција со презентирање на нејзините историски и географски убавини на туристите.

Центар Жупа се наоѓа на приближно 1 час оддалеченост од градовите Охрид и Струга, кои се најпосетувани туристички места во земјава.

Оваа општина, која е меѓу ретките места во земјава во кои претежно живее турско население и локација која изобилува со прекрасна глетка на нејзините планини и шуми, на своите посетители им нуди и производи од традиционалната турска и македонска кујна.

– 85 % од населението на Центар Жупа го сочинуваат Турци

Градоначалникот на Центар Жупа, Аријан Ибрахим, за дописникот на АА зборуваше за актуелните инфраструктурни проблеми на општината и придобивките од туризмот за регионот.

Зборувајќи дека населението на општината во претходните години изнесувало приближно 10.000, Ибрахим рече дека во минатото миграцијата од општината била кон Туркије, но во последно време таа е насочена кон европските земји, особено кон Италија. Ибрахим рече дека според последните податоци, населението постепено се намалува.

Градоначалникот на Центар Жупа изјави дека 85 % од населението на Центар Жупа го сочинуваат Турци, а остатокот го сочинуваат Албанци и Македонци. Тој информираше дена во границите на општината има две основни училишта и едно средно училиште, кои покрај на турски јазик, обезбедуваат образование и на македонски и на албански јазик.

– „Посетата на турските туристи е многу значајна за жителите на општината“

Нагласувајќи дека во селото Кочаџик, кое спаѓа под Општина Центар Жупа, е изградена Спомен-куќата на Али Риза Ефенди, таткото на Мустафа Кемал Ататурк, градоначалникот Ибрахим рече:

„Посетата на турските туристи е многу значајна за жителите на општината, каде што мнозинството од населението го сочинуваат Турци“.

Ибрахим рече: „Но, имаме голем проблем. Патот што води до музејот е тесен и неадекватен. Туристите главно имаат големи тешкотии да стигнат до Спомен-куќата. Во секоја можност им го пренесуваме овој проблем на турските и политичарите на Северна Македонија, бидејќи овој проект е од витално значење за нашата општина. За жал, тој пат досега не успеавме да го изградиме“.

Изјавувајќи дека неодамна општината ја посетил и турскиот амбасадор во Скопје, Фатих Улусој, градоначалникот Ибрахим рече дека и амбасадорот е информиран за проблемот.

Наведувајќи дека проблемот му го пренеле на премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, Ибрахим истакна дека се надева оти проблемот ќе се реши што е можно поскоро, за туристите да имаат можност да ги видат историските и географските убавини на регионот.

– Владините средства не можат да се користат за патот до Спомен-куќата

Потсетувајќи дека Владата обезбеди средства за општините пред неколку месеци, градоначалникот Ибрахими информираше дека Општината Центар Жупа нема да има корист од овие средства за изградбата на патот бидејќи предметниот пат спаѓа во категоријата регионални патишта.

„И да сакаме, немаме право ниту да работиме ниту да трошиме пари на тој пат. Затоа ја повикуваме Владата на Северна Македонија и сите институции кои можат да пружат помош да поработат на изградбата на овој пат“, рече Ибрахим.

Дениз Хасан, управител на Спомен-куќата, за АА изјави: „Од 2014 година годишно околу 2.000 туристи ја посетуваат Спомен-куќата. Покрај регионални предмети и облека, во Спомен-куќата има и восочни статуи на многу личности како Мустафа Кемал Ататурк, неговиот татко Али Риза Ефенди, неговиот дедо Кизил Ахмет Ефенди и неговата баба Ајше Ханим.“

Хасан истакна дека водичите помагаат за претставување на Спомен-куќата и регионот и дека се надева дека тоа ќе го зголеми интересот за регионот.

Зборувајќи дека започнале и проект за изградба на бунгалови во близина на Спомен-куќата, Хасан рече дека проектот продолжува забрзано за да им се овозможи на туристите да престојуваат тука.

– Спомен-куќата на Али Риза Ефенди

Комплексот, составен од две независни куќи, дизајниран е така што во долниот дел е домот на роднините, а Спомен-куќата е во горниот дел. Во приземјето од комплексот, во делот на куќата на роднините, има кујна, додека во горниот дел формирана е соба – Битола, која ги отсликува средношколските години на Мустафа Кемал Ататурк.

Во Спомен-куќата се изложени и восочни фигури кои ги претставуваат периодите од детството на Мустафа Кемал Ататурк и неговата сестра Макбуле Ханим.

Проектот Музеј Спомен-куќа на Али Риза Ефенди, инициран со протоколот потпишан меѓу Министерството за култура на Република Северна Македонија, ТИКА и Општина Центар Жупа во 2013 година, беше завршен за приближно една и пол година како резултат на археолошките истражувања извршени од страна на експертите од двете земји и испитувањата спроведени на околните селски куќи.

Со одлука на Владата на Северна Македонија во 2023 година, Спомен-куќата на Али Риза Ефенди се наоѓа на ниво на национална институција.

AA

Read Previous

Поранешниот директор на ЕСМ Васко Стефанов со лисици спроведен во Кривичниот суд

Read Next

Ахмети: Груби има право на жалба и ќе го води процесот базиран на факти