декември 12, 2024

Агелер: Ако можевме ние да ги најдеме доказите за Груби и Беџети, можете и вие

Амбасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер, на денешната прес-конференција изјави дека американскиот Стејт департмент нема да ги достави доказите против Артан Груби и Енвер Беџети на македонските власти, откако овие двајца беа ставени на американската „црна листа“.

Агелер појасни дека не се споделуваат детали околу доказите, иако рече дека тие се лесно достапни за сите кои сакаат да ги истражат.

„Ние не споделуваме такви информации, но тие се лесно достапни, а доколку ние можеме да собереме доказите, верувам дека и македонските власти можат“, изјави Агелер.

Причината за ова, како што објасни, е почитувањето на принципот на приватноста. Таа нагласи дека од македонските институции се очекува да ги разгледаат овие наоди, истакнувајќи дека корупцијата во земјата е сериозен проблем.

„Имаме Финансиска полиција, Финансиско разузнавање, Обвинителство и судски институции. Верувам дека граѓаните во оваа земја сакаат да видат резултати. Ние не можеме да влијаеме на тоа што ќе направат властите, но се надевам дека ќе преземат соодветни чекори“, изјави амбасадорката Агелер.

TV21

Read Previous

ДУИ: Потсетуваме на историското значење на одлуката што Уставниот суд треба да ја донесе утре

Read Next

Ново намалување на горивата: Ова се цените од полноќ