На денешната прес-конференција премиерот Христијан Мицкоски за вчерашната одлука на Стејт Департментот на САД во која ги ставија поранешниот вицепремиер Артан Груби и судијата на апелациониот суд на црната листа вели „ние во минатото многу пати зборувавме за сето ова за коешто сега и официјално нашите стратешки партнери, меѓународната заедница го посочува“.
-Ги имате таму причините зашто се тие практично дел од оваа листа на санкции. Ние во минатото многу пати зборувавме за сето ова за коешто сега и официјално нашите стратешки партнери, меѓународната заедница го посочува. Јас можам само да кажам дека во периодот којшто следи уште многу потврди на сето она коешто сме го имале сомневање ќе излезе во јавноста и јавноста ќе биде запознаена, изјави премиерот.
TV21