декември 28, 2024

Косовското Собрание го усвои предлог-законот за забрана на енергетските пијалаци за малолетниците

На пленарната седница на Собранието, 62 пратеници гласаа за одобрување на овој предлог-закон со кој ќе се забрани консумирањето енергетски пијалаци за лицата помлади од 18 години

Собранието на Косово во првото разгледување го одобри предлог-законот за забрана на употребата на енергетски пијалаци за лицата помлади од 18 години, јавува Анадолу.

На пленарната седница на Собранието, 62 пратеници гласаа за одобрување на овој предлог-закон со кој ќе се забрани консумирањето енергетски пијалаци за лицата помлади од 18 години.

Пратеничката од Движењето „Самоопределување“, Фиторе Пацоли, рече дека овој предлог-закон предвидува строги контроли за забрана на консумирање енергетски пијалаци од страна на малолетниците.

„Предлог-законот за забрана на употребата на енергетски пијалаци за лицата помлади од 18 години е наменет за заштита на здравјето на децата и чувствителните групите од негативните ефекти на енергетските пијалаци. Овој предлог-закон има за цел да го заштити јавното здравје и опфаќа забрана за консумирање на овие пијалаци од страна на децата и строги контроли во производството, дистрибуцијата и рекламирањето на овие производи“, нагласи Пацоли.

Таа рече дека овој предлог-закон не е во спротивност со ниту еден примарен или спореден акт на Европската Унија, притоа додавајќи дека за овој предлог-закон се одржани јавни консултации.

Според пратеничката Пацоли, Комисијата за животна средина го разгледала овој предлог-закон во септември 2024 година.

Покрај увозот на енергетски пијалаци од странски земји, Косово има и неколку компании кои произведуваат пијалаци од оваа категорија.




AA

Read Previous

Стапката на невработеност во Македонија е 12,3%, невработени блиску 100 илјади лица

Read Next

Нови игри со јавните набавки во ЈСП, скопјани се жртви на кавгите Мицкоски-Арсовска, вели Јанчева