декември 27, 2024

Скопскиот аеродром во првите 10 месеци од 2024 година опслужил над 2,5 милиони патници

Аеродромот во Скопје се рангираше на 135 место по фреквентнос во Европа, и ги надмина аеродромите во Понга Делгада, Закинтос и Тромсо.

Во периодот од јануари до октомври оваа година, низ скопскиот аеродром полетале или слетале 2.522.871 патник, што го рангира на шестото место во рангирањето во кое се најдоа сите екс ју држави. 

На првото место од државите од поранешните ЈУ простори е Белград, кој има над 7,1 милиони патници за 10 месеци.

Само во месец октомври, скопскиот аеродром опслужил 268.936 патници. 

Инаку за разлика од минатата година, меѓународниот аеродром Скопје има раст од 71.490 патници.

Инаку на аеродромите низ поранешна Југославија од јануари до октомври оваа година, биле опслужени над 32 милиони евра. 

После Белград, по френкветност следуваат Загреб, Сплит, Приштина и Дубровник, по што следува Скопје, а зад скопскиот аеродром се Задар, Сараево, Подгорица, Љубљана и Тиват. 

Охридскиот аеродром, пак, е на 15. место, со 196.435 опслужени патници од почетокот на годината до октомври.

TV21

Read Previous

Во Њујорк се одржа традиционалното осветлување на божиќната елка

Read Next

Во Скопје се одржа концертот на турска џез-музика „Звуците од Анадолија“