декември 5, 2024

Мицкоски: Изминатите 6 месеци како Влада покажавме дека може да се функционира поинаку, транспарентноста и отчетноста се наш приоритет

„Тука сме да покажеме дека како Влада отчетноста и транспарентноста се наш приоритет, и така ќе продолжиме да функционираме“, вели премиерот Христијан Мицкоски и додава:

Нормално веќе шести месец како Влада функционираме секогаш се трудиме да бидеме што е можно повеќе транспарентни. Јас секогаш се трудам да одговорам на сите прашања, нема прашања посакувани или непосакувани, туку секогаш кога сум бил прашан не сум избегнал ниту една тема. Се разбира дека постои простор за подобрување, секогаш постои простор да бидеме подобри. Но, ценам дека до сега покажавме еден поинаков квалитет, дека за нас нема вакви или такви прашања, вакви или такви медиуми, туку буквално како Влада се трудиме да дадеме одговор на секое прашање и на секој медиум кој што ќе допре до нас.

Така што уште еднаш да повторам, со ова наше присуство само го подржуваме сето ова за кое што и заменик Амбасадорот го говореше, но и за тоа кое што го кажав јас.




Skopje1

Read Previous

Руте: Шефот на НАТО изјави дека земјите членки ќе сторат сѐ за да ѝ обезбедат на Украина поголема воздушна одбрана

Read Next

Општина Центар со багери расчистува диви депонии под Кале и кај Американската амбасада