декември 21, 2024

Црногорскиот претседател Милатовиќ во Туркије, го посети мавзолејот Аниткабир

Милатовиќ положи венец и со едноминутно молчење му оддаде почит на основачот на Република Туркије, а потоа се потпиша во книгата на впечатоци

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, престојува во официјална посета на Анкара, каде што со делегацијата го посети комплексот Аниткабир, мавзолејот на основачот на Република Туркије, Мустафа Кемал Ататурк, јавува Андолу.

Милатовиќ положи венец и со едноминутно молчење му оддаде почит на основачот на Република Туркије, а потоа се потпиша во книгата на впечатоци.

„Голема чест ми е што го посетувам Аниткабир, вечното почивалиште на Мустафа Кемал Ататурк, основачот и визионерскиот лидер на Република Туркије. Стоејќи овде му оддаваме почит на Ататурк, чии принципи на модерност и напредок продолжуваат да инспирираат не само во Туркије, туку и во целиот свет. Длабоко сум трогнат од неговата оставина. Неговата непоколеблива посветеност на суверенитетот и мирот е светилник на надеж за сите народи. Како претседател на Црна Гора ги потврдувам силните врски на пријателство меѓу нашите две земји. Духот на заемното почитување, соработка и заедничка визија ќе продолжи да го води нашето партнерство во градењето на мирна и просперитетна иднина“, наведе Милатовиќ во пораката.

Милатовиќ денес во Анкара ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а по средбата ќе се одржи и заедничка прес-конференција.



AA

Read Previous

Приватните превозици од денеска повторно на скопските улици

Read Next

Сиљановска Давкова со порака по повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост