ноември 30, 2024

Есенски барометар: Граѓаните на Македонија имаат доверба во ЕУ

Според есенскиот Евробарометар за 2024 година, 56% од граѓаните на Северна Македонија имаат доверба во Европската Унија. Истото ниво на доверба го делат и граѓаните на Босна и Херцеговина.

Највисока доверба во ЕУ има во Албанија (81%), следена од Црна Гора (75%) и Косово (70%). Македонците имаат повисока доверба од Молдавците (52%), но во сите овие земји мнозинството ја поддржува Унијата. 

Турција (42%) и Србија (38%) имаат најниска доверба, иако забележан е раст од 4% и 2%, соодветно, споредено со пролетното истражување.

Во Велика Британија, довербата во ЕУ достигнала 38%, што е зголемување за 6%. 

Ова есенско истражување на Евробарометар е спроведено помеѓу 10 октомври и 5 ноември, а со анкетата биле опфатени 26.525 граѓани.

TV21

Read Previous

Скопјанецот Бајрами речиси половина век рачно изработува чевли

Read Next

Укината е забраната за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража