Американскиот Стејт департмент објави информации за стапката на одбивање виза Б за 2024 година. За Бугарија овој процент е 6,02%, што бележи значително намалување во однос на минатата година кога одбиените за виза изнесуваа 11,61%. Ова е најниско ниво на одбивања во последните 18 години, соопшти бугарското МНР, пренесува Трибуна.
„Во последните месеци беа направени значителни напори за исполнување на критериумите за вклучување на Бугарија во американската програма за укинување на визите. Значително намалување на процентот на одбивање визи е уште еден чекор напред на патот кон успешно завршување на овој процес“, коментираше министерот за надворешни работи Иван Кондов.
Еден од техничките услови за вклучување на Бугарија во Програмата е процентот на одбиени туристички визи за бугарските државјани да не надминува 3%. Министерството за надворешни работи до крајот на годинава ќе започне информативна и едукативна кампања за разјаснување на условите и процесот за аплицирање за виза за САД.
ZOOM