ноември 28, 2024

Протест на пензионерите во Албанија, бараат поголеми пензии

Пензионерите нагласија дека ќе продолжат со протестите сѐ додека не се исполнат нивните барања.

Пензионерите во Албанија протестираа барајќи зголемување на пензиите и подобрување на социјалните услуги, јавува Анадолу.

Тие се собраа пред седиштето на премиерот на Албанија на булеварот „Маченици на нацијата“ барајќи исполнување на нивните барања.

Притоа, тие носеа транспаренти на кои пишуваше: „Подалеку рацете од корупцијата, нека растат пензиите“ и „Цените растат, пензиите се намалуваат“.

Пензионерите нагласија дека ќе продолжат со протестите сѐ додека не се исполнат нивните барања.

Албанскиот министер за економија, култура и иновации, Бленди Гонџја, на прес-конференцијата по денешниот состанок на Советот на министри рече дека е одобрен надоместок за пензионерите на крајот на годината.

Напоменувајќи дека за оваа намена издвоиле буџет од 100 милиони евра, Гонџја ја пренесе информацијата дека од декември пензионерите ќе добиваат по 100 и 150 евра според категориите.

Во септември 2024 година Владата на Албанија одобри одлука за индексирање на пензиите за 4,1 отсто, со што ќе имаат корист повеќе од 791.000 корисници од сите категории пензии (старосни пензии, целосни пензии, делумни, намалени, предвремени, инвалидски, семејни, пензии доделени со посебна државна помош и др.) .

Read Previous

Претседателката Сиљановска Давкова во официјална посета на Црна Гора

Read Next

Неврохирургот на Заев, Филипче во раководството има само негови верни слуги, велат од ВМРО-ДПМНЕ