ноември 27, 2024

Владата ќе издвои 20 милиони евра за подземна гаража кај плоштадот Скендербег

На вчерашната седница, Владата издвои 20 милиони евра за изградба на подземна катна гаража кај плоштадот „Скендербег“. Ова го информираше првиот вицепремиер Изет Меџити, додавајќи дека со тоа ќе бидат решени инфраструктурните проблеми со кои се соочува овој дел од Скопје.

„Со оваа инвестиција ние ја демонстрираме нашата посветеност кон решавање на инфраструктурните предизвици со кои се соочува нашиот главен град, Старата скопска чаршија, Општина Чаир и Општина Центар“, вели Меџити. 

Вицепремиерот кажа дека проектот е готов, и дека тендерската постапка ќе биде отворена наскоро, а градежните работи се очекуваат на почетокот на идната година.

TV21

Read Previous

Нов состав во Комисијата за помилување – одржана и првата конститутивна седница

Read Next

Николоски: Од јануари нов пакет од 250 милиони евра владина поддршка, општините да подготвуваат нови проекти