ноември 26, 2024

Државите на ЕУ мора да го почитуваат налогот за апсење на МКС за израелскиот премиер Нетанјаху

Земјите членки на ЕУ треба да ги исполнат своите обврски во меѓународното право со почитување на налогот за апсење на Меѓународниот кривичен суд за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, изјави денес шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел

Земјите членки на ЕУ треба да ги исполнат своите обврски во меѓународното право со почитување на налогот за апсење на Меѓународниот кривичен суд за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, изјави денес шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, јавува Анадолу.

Посочувајќи на фактот дека сите членки на ЕУ се страни на Римската конвенција, која го основа Меѓународниот кривичен суд (МКС), Борел рече: „Не може да изберете. Не може да поддржувате кога судот оди против Путин и да молчите кога судот оди против Нетанјаху.“

Говорејќи за медиумите во рамките на состанокот на министрите за надворешни работи на Г-7 во Италија, тој рече дека таквите двојни стандарди соодветно водат кон жестоки критики на ЕУ.

„Ги замолувам земјите членки на ЕУ да ја исполнат својата обврска според меѓународното право. Сакале или не, МКС е исто толку моќен суд како и секој национален суд“, додаде Борел.

„Доколку Европа не го поддржи МКС, нема да има надеж за правда“, предупреди Борел.

Во однос на Либан, тој предупреди дека земјата ќе се распадне доколку не се спроведе сегашниот предлог за прекин на огнот на САД и Франција.

Тековните израелски напади не доведоа само до раселување и убиства на голем број Либанци туку и сериозно ги оштетија либанските државни институции, вклучително и армијата, рече Борел.

Потсетувајќи на приговорите од екстремистичките министри во израелската Влада за предлогот, тој го повика Нетанјаху да работи на одобрување и спроведување на договорот за прекин на огнот.



AA

Read Previous

Министерот Љутков и комесарот Токура: Преку меморандумот за соработка ги зближуваме македонската и јапонската култура

Read Next

Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблем