Се дефинираат условите за плаќањето, кои би биле да се почне со плаќање во првата половина од 2028 година, на осум полугодишни рати, во период од четири години или грејс-период од три години – изјави премиерот Христијан Мицкоски.
Тој истакна дека електричните автобуси би се полнеле два и пол часа. Според него, со едно полнење, дневно тие би можеле да поминат од 350 до 400 километри, што би било сосема доволно.
Електричните автобуси што Владата има намера да ги набави, во поголем дел за Скопје, но и за другите градови сo организиран јавен превоз, не само што драстично ќе го намалат загадувањето туку ќе значат и добар имиџ за државата, дека Македонија, конечно, ќе ги има и ќе сообраќаат по конкурентни цени.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека за набавката на стоте автобуси, до крајот на годинава ќе биде распишан тендер.
– Се дефинираат условите за плаќањето, кои би биле да се почне со плаќање во првата половина од 2028 година, на осум полугодишни рати, во период од четири години или грејс-период од три години – изјави Мицкоски.
Ќе се набават меѓу 100 и 120 автобуси, од кои најголем дел ќе завршат во Скопје, но и во другите општини ширум државава кои имаат организиран јавен градски превоз, затоа што, посочи, би било нефер и нечесно сето тоа да заврши во Скопје.
– Да речеме, ако набавиме 120 автобуси, тоа би одело во пропорција, можеби, 70:50 или 80:40. Станува збор за електрични автобуси, еколошки, заедно со 50 полначи – повтори Мицкоски.
Премиерот истакна дека електричните автобуси би се полнеле два и пол часа. Според него, со едно полнење, дневно тие би можеле да поминат од 350 до 400 километри, што би било сосема доволно.
За тоа што скопската градоначалничка, Данела Арсовска, ја префрла вината за состојбата со јавниот градски превоз на Бирото за јавни набавки, на ВМРО-ДПМНЕ и на нејзиниот лидер и премиер, Мицкоски истакна дека кога согледале дека ескалира состојбата со јавниот градски превоз и дека Град Скопје не може да го реши акутниот проблем, позајмиле 250.000 тони нафта за да може да сообраќаат автобусите по улиците, а граѓаните да не мрзнат чекајќи на автобуските станици.
– Ние, како Влада, откако увидовме дека е сериозен проблемот и дека Градот не може да изнајде решение, одлучивме да ги замолиме да интервенираат преку нафтените резерви, да му позајмат на Градот, односно на Јавното сообраќајно претпријатие 250.000 тони, го направивме тоа уште истиот ден и веќе другиот ден се нормализираше состојбата. Од друга страна, во телефонски разговор, ја замолив градоначалничката, преку ЈСП, да достави барање до Бирото за јавни набавки, соодветно како што треба по закон, по процедура, за скратена постапка за набавка на нафта, по пат на преговарање. Бирото за јавни набавки, откако го увиде барањето, го анализираше и констатира дека е согласно со закон. Одговори позитивно уште во четвртокот, така што веќе би требало да ја почнат таа процедура, бидејќи 250.000 тони ќе бидат доволни за десет дена до две недели – објасни Мицкоски, додавајќи дека, сепак, Град Скопје треба трајно да го реши проблемот.
VecerPress