„Земјите од многу региони, од Централна Азија до Русија, од Блискиот Исток до Северна Африка, од Балканот до Централна Европа беа претставени овде на министерско ниво“
Турскиот министер за енергетика и природни ресурси, Алпарслан Бајрактар, го пофали силниот одѕив на меѓународни учесници на Истанбулскиот енергетски форум, истакнувајќи ја клучната улога на Туркије и довербата на глобалната заедница во земјата, јавува Анадолу.
„Ова беше важно и во смисла на покажувањето на позицијата на Туркије како централна земја и како показател за довербата во нашата земја“, рече Бајрактар за Анадолу на маргините на еднодневниот форум организиран од Анадолу под покровителство на Министерството за енергетика и природни ресурси.
„Земјите од многу региони, од Централна Азија до Русија, од Блискиот Исток до Северна Африка, од Балканот до Централна Европа беа претставени овде на министерско ниво“, додаде тој.
Истакнувајќи го глобалниот интерес на форумот, Бајрактар предложи тој да се преименува во „Меѓународен истанбулски енергетски форум“ за точно да го одрази неговиот меѓународен карактер.
„Веќе имаме реализирано многу билатерални и мултилатерални проекти заедно. Влегуваме во период на значајни можности за иднината“, додаде турскиот министер.
Нагласувајќи ја целта на Туркије да го зголеми инсталираниот капацитет на обновливи извори на енергија на 120 гигавати до 2035 година, Бајрактар рече: „Туркије ќе ја зајакне енергетската безбедност на Европа не само преку природниот гас, туку и преку обезбедување зелена енергија“.
Меѓу истакнатите претставници кои присуствуваа на Истанбулскиот енергетски форум беа министерот за енергетика на Азербејџан, Парвиз Шахбазов, бугарскиот министер за енергетика, Владимир Малинов, грузискиот прв вицепремиер и министер за економија и одржлив развој, Леван Давиташвили, министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, министерот за енергетика на Молдавија, Виктор Парликов, либискиот министер за нафта гас Калифа Раџаб Абдулсадек, министерката за рударство и енергетика на Србија, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ и министерот за енергетика на Узбекистан, Јурабек Мирзамахмудов.
AA