ноември 21, 2024

Жестока дебата на собраниската комисија за поставувањето на Христовски за директор на АНБ


Помеѓу власта и опозицијата денеска имаше на моменти жестока дебата околу назначувањето на директорот на АНБ, Бојан Христовски, која ја прекина собраниската седница на Комисијата за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање.

Како единствена точка на дневен ред беше ставена Информацијата за незаконско именување на директорот на АНБ, поднесена од пратеници на СДСМ. 

Пратениците од власта укажуваа дека седницата била закажана без запазување на Деловникот.

„Ве замолувам да ги ставиме точките на дневен ред што сум ги предложил, за што има согласност и од СДСМ, за нивно ставање. Да се произнесеме по првиот предлог, а потоа ќе се произнесеме и по предлогот на колешката Петровска, да не правиме од оваа Комисија театар“,побара пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска побара точките предложени од Ковачки да бидат ставени како втора и трета точка. Според неа, јасна е играта на парламентарното мнозинство да се блокира дебатата за информацијата поднесена од нивна страна, што како што рече зборува за демократскиот капацитет на парламентарното мнозинство.

TV21

Read Previous

МЖСПП ги интензивира активностите за чист воздух

Read Next

Координативен состанок во ЦУК, ќе се разгледуваат институционалните капацитети за чистење снег од патиштата