ноември 21, 2024

Зголемен е бројот на странски туристи кои годинава ја посетиле Македонија

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во септември 2024 година изнесува 134 829, од кои 24.6 отсто се домашни туристи, а 75.4 проценти се странски туристи.

Бројот на ноќевањата во септември 2024 година изнесува 262 632, од кои 31.9 се од домашните туристи, а 68.1 отсто од странските туристи.

„Во периодот јануари – септември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8.3 отсто, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 1.2 проценти, а кај странските има зголемување за 14.2 отсто“, соопшти Државниот завод за статистика.

Во периодот јануари – септември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5.0 отсто, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2.2, а кај странските има зголемување за 8.8 проценти.

ZOOM

Read Previous

ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува луѓето на Изет Меџити за корупција

Read Next

Бектеши: Минималната плата да биде 500 евра