ноември 21, 2024

Осамнаа плакати во Белград со мапа на „Голема Србија“ во која е и Македонија

Во центарот на главниот град на Србија, Белград денеска се појавија контроверзни плакати, на кои се ликовите на Доналд Трамп и Илон Маск, како и пораката „Make Serbia great again” (Да ја направиме Србија повторно голема), заедно со мапа на која територијата на Македонија е дел од Србија.

Плакатите се истакнати од конзервативното движење „Наши“. На нивниот сајт има објаснување за нив.

„Конзервативното движење „Наши“ денеска во центарот на Белград постави плакати со ликовите на Доналд Трамп и Илон Маск, како и пораката „Да ја направиме Србија повторно голема“, со илустрација на карта на историски српски територии. Со оваа акција укажуваме на потребата Србија да си ја врати заслужената позиција на Балканот и во светот, како и да се исправат бројните историски неправди кои му биле нанесени на нашиот народ низ децениите.

Го поддржуваме Доналд Трамп како лидер кој покажа сила во борбата за суверенитетот на својата земја и отворено застана против глобалистичките политики кои ги загрозуваат националните интереси. Неговата порака „Направете ја Америка повторно голема“ нè инспирираше и нас, бидејќи веруваме дека Србија мора да ја врати својата големина и сила.

Српскиот народ со векови трпеше притисоци, поделби и неправди. Сега е време да го потврдиме нашиот национален идентитет, историја и суверенитет без страв и двоумење. Оваа акција е повик до сите Срби да се соберат околу идеалите за слобода и единство и да истраат во борбата за враќање на Србија на местото кое историски и припаѓа“, стои во соопштението од КД „Наши“.





TV21

Read Previous

Мицкоски: За следната година во Буџетот се предвидени 50,5 милијарди денари за капитални инвестиции

Read Next

Во Тирана средба на министрите Муртезани и Хасани – зајакнување на регионалната стабилност преку заеднички пристап во справувањето со предизвиците од европската агенда