Одлука уследи по повторените инциденти со продажбата на алкохол на малолетници, кои неодамна беа на насловните страници откако 8 малолетници во Атина беа хоспитализирани поради консумирање алкохол.
Грција ќе воведе построги казни за продажба на алкохол и електронски цигари (вејп) на малолетници, објавија медиумите денес, известува Анадолу.
„Владата ќе донесе предлог-закон за ова прашање по заедничката одлука на министерствата за заштита на граѓаните, за правда и за здравство“, објави весникот „То вима“.
Оваа одлука уследи по повторените инциденти со продажба на алкохол на малолетници, што неодамна беа на насловните страници откако 8 малолетници во Атина беа хоспитализирани поради консумирање алкохол.
Прекршителите кои ќе им продадат штетни производи на малолетници може да се соочат со затворска казна, парична казна и други административни казни, вклучително и моментално затворање на претпријатието.
„Со зголемени контроли сè станува построго за да се заштитат малолетниците“, изјави министерот за правда Јоргос Флоридис.
AA