октомври 28, 2024

Училиштата во Сараево веќе еден месец добиваат закани за бомби

Редовната настава во неколку средни училишта во реонот на Сараево денеска повторно мораше да биде прекината откога добија закани за бомби, со што се потврди дека претходната полициска истрага и многуте апсења на малолетници не го решиле овој проблем, кој интензивно трае веќе еден месец.

„Полицијата ги претресува училиштата, а за сѐ е информирано Обвинителството“, изјави Мерсиха Новалиќ, портпаролка на полицијата на Сараевската жупанија.

Ова е веќе четврта недела во која во училиштата во Сараево пристигнуваат закани за поставени бомби, па според утврдените процедури, наставниот процес мора веднаш да се прекине и специјализирани полициски екипи да излезат на терен за да извршат увид. Сите извештаи досега се покажаа како лажни, но наставниот процес е загрозен, а повеќето училишта во такви ситуации прибегнуваат кон онлајн-моделот на настава, кој се практикуваше за време на пандемијата.

Заканите за бомби до училиштата најчесто доаѓаат преку е-пошта од лажни адреси или други онлајн-платформи, а полициските истражители со недели трагаат по испраќачите, кои тешко може да се пронајдат.

Сепак, досега успеале да идентификуваат и приведат 12 такви лица. Само еден од нив бил полнолетен и имал 18 години, а сите други биле малолетни.



ZOOM

Read Previous

Николоски: Започнуваме со изградба на автопатот Гостивар – Букојчани

Read Next

Нови цени на горивата од полноќ