Посебен и историски момент за муслиманите во Албанија e 10 октомври оваа година, откако во Тирана беше отворена џамијата Намазѓа, со што се оствари нивниот вековен сон.
Посебен и историски момент за муслиманите во Албанија e 10 октомври оваа година, откако во Тирана беше отворена џамијата Намазѓа, со што се оствари нивниот вековен сон.
Во празнична атмосфера, на свеченото отворање на џамијата која беше изградена со финансиски придонес на Туркије, учествуваа турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, премиерот на Албанија, Еди Рама, други високи претставници од двете земји и илјадници верници од Албанија, Косово, Северна Македонија и дијаспората, со што и официјално се означи за отворен овој верски храм за богослужба.
За време на церемонијата, но и потоа, џамијата се спомнуваше како симбол на пријателството, братството и солидарноста меѓу двете земји, како и достоинствен верски храм за муслиманите.
Граѓаните за Анадолу изјавија дека се среќни и возбудени што успеале да доживеат ваков момент и што сега ќе можат да вршат верски обреди во џамијата Намазмѓа.
– Верниците им се благодарни на претседателот Ердоган и на турскиот народ
Идлир Абазај рече дека како муслиманските верници долго чекале на отворањето на џамијата.
„Беше исклучително возбудливо кога првпат влегов и ја видов. Исполнет е еден од соништата што ги имаме со години. Внимателно ги погледнав и сакав да им се заблагодарам на сите што работеле на изградбата на оваа џамија, кои се грижеле и за најмалиот детаљ“, рече Абазај и додаде:
„Му благодариме на претседателот Ердоган и на турскиот народ, бидејќи без нив оваа џамија немаше да се изгради“.
Агим Чакмаши е уште еден верник кој ги сподели емоциите од свеченото отворање на џамијата, нагласувајќи дека тоа е остварување на соништата на муслиманите.
„Им благодариме на турската држава, но и на турскиот народ кој ги поддржуваше Албанците на секој чекор. Тие отсекогаш биле братски народ кој не поддржувал и продолжува да не поддржува. Ние сме им благодарни“, рече тој.
Чакмаши нагласи дека ваква џамија им била потребна на муслиманите во Албанија, бидејќи за време на бајрамските празници, молитвите се одвивале на градскиот плоштад. „Се надевам дека ќе ни биде од корист на сите“, додаде Чакмаши.
Есма Кајтазај раскажува како муслиманите се многу среќни и радосни што ја имаат „оваа прекрасна џамија“ во Тирана.
„Чувствуваме радост од душата. И благодариме на Туркије за помошта што ни ја даде во изградбата на џамијата Намазѓа. Тоа е навистина многу величествена џамија. Се чувствуваме среќни и радосни“, рече таа.
Мимоза Анамали истакна дека кога за прв пат влегла во џамијата била воодушевена и дека тоа за нејзе претставува чудо.
„За нас е најголемото чудо што стигнавме до овде“, рече Анамали со солзи радосници.
Ервин Даја е еден од многуте верници кои веќе ги извршува верските обреди во новата џамија и рече дека емоциите при отворањето на џамијата биле многу големи.
„Долги години чекавме да се отвори оваа џамија бидејќи отсекогаш ни недостасуваше ваков објект. Кога се слави Бајрам, муслиманите верските обреди ги извршуваа на плоштадите и булеварите и оваа џамија ни беше многу потребна. Верувам дека тоа е многу убав подарок што турскиот народ им го даде на своите браќа Албанци муслимани. Се надевам дека ќе им се врати со многу добрина“, нагласи Даја.
Зборувајќи дека џамијата е многу убава и величествена Даја рече: „Кога влегуваш внатре и се молиш таа ти дава голем духовен мир“.
Намазѓа џамијата во првите денови по отворањето ја посетија и многу млади парови кои доживеаја големи емоции при стапувањето во брак во новата џамија, меѓу кои се и парот Халит Моќи и Клементина Лила.
Моќи рече дека еден од најважните денови во неговиот живот одбрал да го доживее во џамијата Намазѓа. „Како муслиман сакав и избрав тоа да биде во новоотворената џамија“, вели тој.
И неговата сопруга Клементина рече дека е среќна што тој чин го спровеле во просториите на новата џамија и нагласи дека џамијата е величествена.
– Џамијата Намазѓа
Џамијата Намазѓа во Тирана свечено отворена на 10 октомври е најголемата џамија на Балканот. Изградена е со финансиска поддршка на Претседателството за верски прашања на Туркије (Дијанет) и Фондацијата за верски прашања на Туркије (ТДВ).
Џамијата се наоѓа на просто со вкупната површина од над 10.000 квадратни метри. Површината за градба е 5.200 квадратни метри, а внатрешната површина на џамијата изнесува 2.415 квадратни метри.
Џамијата има капацитет истовремено да прими до 10.000 луѓе во нејзините внатрешни и надворешни простори.
Намазѓа има 4 минариња високи 56 метри, главна купола висока над 36 метри и 18 мали куполи, со детали кои потсетуваат на отоманската архитектура.
Таа се наоѓа во близина на центарот на Тирана, а има и други помошни простории кои вклучуваат конференциски сали, изложбен салон, училници, библиотека, читална, културен центар и други простории.
Со историја подолга од еден век, дипломатските односи меѓу Туркија и Албанија се придружени со долг процес на соработка, партнерство и потпишување на различни договори, кои кулминираа со официјализирање на стратешкото партнерство во 2021 година.
Туркије веќе неколку децении на Албанија ѝ пружа помош во многу сектори, како и помош при справување со природни катастрофи. Покрај изградбата на џамијата Намазѓа, Туркије придонесува и за реставрација на историските објекти кои се дел од културно наследство во Албанија.
AA