октомври 16, 2024

Албанија ги прими првите мигранти фатени од Италијанците

Италијански брод денеска се закотви во албанското пристаниште Шенѓин за да ја донесе првата група од 16 мигранти чии барања за азил ќе бидат разгледани во Албанија, јавува Anadolu.

Бродот „Либра“ го напушти италијанското пристаниште Лампедуза во понеделникот, превезувајќи десет мажи од Бангладеш и шест од Египет, кои беа спасени на море откако тргнаа од Либија.

Во Шенѓин ќе се врши идентификација и здравствени прегледи на мигрантите. Во Италија ќе можат да влезат само оние чии апликации се одобрени.

Минатата недела Италија официјално отвори два центри во Албанија за обработка на барањата за азил.

Италија објави дека не планира да ги раздвојува семејствата и дека ќе прими жени, деца, стари лица, болни и жртви на тортура.



TV21

Read Previous

Ковачки на теренска посета и состаноци на ПС НАТО во Грција

Read Next

Мицкоски: После Берлин сум многу поголем оптимист