Првото основно јавно обвинителство во Белград соопшти дека отворило предмет поради повреда на тајноста на постапката во врска со случајот „Рибникар“, односно поради изнесување во медиумите делови од сведочењето на К.К. од истрагата.
К.К., кој минатата година уби девет деца и училишен чувар во ОУ „Владислав Рибникар“, не може кривично да одговара бидејќи во моментот на делото имал 13 години.
Тој во истрагата беше сослушан како сведок во случајот што се води пред Вишиот суд во Белград против неговите родители Владимир и Мирјана Кечмановиќ и други за кривично дело Тешко дело против општото обезбедување.
Обвинителството ќе прибави податоци и потребни известувања со цел да утврди дали и во дејствијата на кое лице се вклучени елементите на кривичното дело Повреда на тајноста на податоците од чл. 337 од КЗ или некое друго кривично дело за кое се гони по службена должност, а за кое ќе биде информирана и јавноста“, се вели во соопштението на Првото основно обвинителство.
Обвинителството ја информираше јавноста за формирањето на предметот токму на денот и во времето кога К.К. дава исказ во Вишиот суд во Белград во постапката против неговите родители.
Главниот обвинител на Вишото јавно обвинителство, кој го води предметот „Рибникар“, Ненад Стефановиќ, изминатиот викенд даде задолжително упатство до Првото основно јавно обвинителство да формира предмет и да ја испита повредата на доверливоста на постапката.
Јавноста е исклучена од случајот „Рибникар“ поради заштита на интересите на малолетните жртви, но одредени медиуми постојано изнесуваат изјави и детали од истрагата и од самото судење.
TV21