Премиерот Христијан Мицкоски денеска свечено го пречека премиерот на соседна Србија, Милош Вучевиќ.
Според информациите од владината прес-служба, во текот на посетата ќе се одржи тет-а-тет средба помеѓу двајцата премиери, по која следува пленарна средба на двете делегации.
По овие состаноци, ќе биде потпишан меморандум за соработка помеѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на Северна Македонија и Министерството за рударство и енергетика на Србија.
TV21