октомври 6, 2024

Пожарникари извлекле жена во срушена куќа во Велес

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) според последниот извештај имало 2.142 повици во последното деноноќие на бројот за итни случаи 112, а немало пожари на отворено.

ЦУК информира дека вчера, од 9:30 до 10:15 часот, четворица пожарникари со едно противпожарно возило од ТППЕ Велес извлекле жена во срушена куќа.  Жената се стекнала со мали повреди и со возило на итна медицинска помош била пренесена во болница во Велес.

ТППЕ Куманово дека вчера, од 12:08 до 12:30 часот, извлекувала лице од возило при сообраќајна незгода во близина на Домот за стари лица „Зафир Сајто“. Лицето, како што се наведува, имало тешки телесни повреди.

РЦУК Тетово, пак, информира дека околу 4:30 часот возило излетало во река во село Беловиште, Општина Гостивар. Се интервенирало со едно возило и четворица пожарникари. Сите лица биле извлечени, а само еден сопатник бил телесно повреден, кој бил пренесен во Гостиварскиот клинички центар.



ZOOM

Read Previous

МВР со детали за вчерашното пукање во Чаир

Read Next

Во БиХ се гласа на локалните избори, гласањето е одложено во 5 општини