ноември 23, 2024

20. издание на „Виз Ер Скопски маратон“ со рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји

Традиционалниот Скопски маратон го организираат Град Скопје и Мисијата на ЕУ во Скопје, а настанот е поддржан и од Министерството за спор. Натпреварот е организиран во четири трки, и тоа маратон, полумаратон, штафетна трка и трка на 5.000 метри.

Низ улиците на Скопје денес се одржа 20-тото јубилејно издание на „Виз Ер Скопскиот маратон“ на кое учествуваа рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји, јавува Анадолу.

Традиционалниот Скопски маратон го организираат Град Скопје и Мисијата на Европската Унија (ЕУ) во Скопје, а настанот е поддржан и од Министерството за спорт. На „Виз Ер Скопски маратон“ се трчаа 4 трки, односно маратон, полумаратон, штафетната трка и трка на 5.000 метри.

Победник на маратонската трка на 20. издание на „Виз Ер Скопски маратон“ е Хилари Чемвено од Кенија, кој патеката долга 42.195 метри ја истрча за време 2:13:28.

Второто место му припадна на Кениецот Даниел Кипротич со време 2:13:53.

Најдобро време од македонските маратонци постигна Дарио Ивановски освојувајќи го третото место со време 2:16:26.

На 20. издание на „Виз Ер Скопски маратон“ во женска конкуранција победничка е Ирине Џеруто од Кенија со време 2:37:52. Второпласирана е Македонката Адријана Поп Арсова со време 2:39:38, а третото место и припадна на Вилијан Џелагат од Кенија.

Постигнати резултати во полумаратон (21 км):

машка конкуренција

1. Хусеин Чан (Туркије) – 1:05:54

2. Мурат Емектар (Туркије) – 1:06:40

3. Абдурахман Гедиклиоглу (Туркије) – 1:09:47

женска конкуранција

1. Милица Мирчева (Бугарија) – 1:15:49

2. Греша Бакрачи (Косово) – 1:21:14

3. Џули Ларсен (Норвешка) – 1:22:04

Резултати од трката на 5км:

машка конкуренција

1. Гилман Јонузи – 15:45

2. Григоријан Никовски – 15:54

3. Бојан Чаприќ – 16:16

женска конкуранција

1. Ирма Хајдари – 18:31

2. Дарија Крстевска – 19:38

3. Христина Секулоска – 20:37



AA

Read Previous

Заменик претседателот на ТИКА ,Чевик испрати порака за сочувство за Босна и Херцеговина

Read Next

МВР со детали за вчерашното пукање во Чаир