Сервисот на Агенција Анадолу за емитување вести на албански јазик со своето 10-годишно постоење постигна значителен успех пополнувајќи ја огромната празнина во регионалните медиуми
Денес сервисот на Агенција Анадолу (AA) на албански јазик ја прославува 10-годишнината од основањето, на 1 октомври 2014 година во рамките на визијата за 100-годишнината на AA, известува Анадолу.
Сервисот на AA на албански јазик со отворањето на седиштето во Скопје во 2015 година постигна значителен успех пополнувајќи ја огромната празнина во регионалните медиуми во изминатите 10 години.
Од своето основање сервисот на албански јазик на АА објави повеќе од 164.000 вести, над 61.000 фотогалерии и повеќе од 36.000 видеоматеријали од Балканот, Туркије и светот и стана еден од најважните извори на вести меѓу балканските земји Северна Македонија, Албанија и Косово.
Вестите објавени од сервисот на AA на албански јазик, кој во Скопје работи заедно со сервисот на АА на македонски јазик, регионалните медиуми ги користат секојдневно.
Агенција Анадолу ги објавува своите содржини на турски, англиски, арапски, француски, босански/хрватски/српски/црногорски (БХСЦ), руски, сорани и курманџи, албански, македонски, персиски, индонезиски и шпански јазик.
AA