ноември 23, 2024

Тошковски: МВР ги има соодветните капацитети за да одговори на начин на којшто сите граѓани ќе се чувствуваат безбедно и мирно

Во изјава за медиуми по отворањето на Регионалниот центар К9 во Полицискиот центар Ѓорче Петров, Тошковски изјави дека службите проследуваат соодветни информации до надлежните.

– Службите во рамки на институционалните форми кои што ги имавме во државата, а се занимаваат со овој тип на надлежност, проследуваа и проследуваат соодветни информации до надлежните раководни органи во рамки на истите. Тие беа споделувани соодветно и со премиерот и со претседателката. Така што, сето она кое што сме го говореле во минатото, од аспект на обиди какви што веќе видовме во овие месец дена, за подгревање на меѓуетнички тензии, дека се реалност, соодветно одговоривме, соодветно ќе одговориме и во иднина. Кога велам соодветно одговараме, велам дека МВР ги има соодветните капацитети за да одговори на начин на кој што ќе биде потребно сè со цел сите граѓани да се чувствуваат безбедно и мирно и во рамки на тој безбеден и мирен систем да ги остварува правата, рече Тошковски.

Министерот додаде дека МВР во изминатиот период има отворено голем број на истраги.



TV21

Read Previous

Легендарните хитови на Битлси, утре ќе воскреснат во оригинална изведба на Националниот џез оркестар

Read Next

Груевски се спаси од затвор за набавката на „мерцедесот“