ноември 22, 2024

Семра Рашити, ja научи калиграфската уметност во Туркије и отвори ателје во Старата скопска чаршија

„Ова го користам многу пати како шега; ми снема хартија и почнав да цртам по ѕидовите. Полека ги цртав ѕидовите со боите што ги имав дома. Понекогаш цртав по чаши. Полека, полека, почнав да навлегувам подлабоко во уметноста.“

Калиграфката Семра Рашити од Скопје, која ги научи и турскиот јазик и изработката на разни ракотворби благодарение на нејзиниот интерес кон Туркије, ги услужува клиентите заинтересирани за нејзината уметност во своето ателје во Скопје, пишува Анадолу.

Рашити, која е студент по архитектура и покажува интерес за ракотворби, на новинарот на АА му раскажа за процесот на изучување на турскиот јазик и за различните ракотворби од кои едната е калиграфија.

Појаснувајќи дека турскиот јазик ја интересира уште од детството, Рашити рече дека прво се обидела да го научи преку ТВ-сериите што ги гледала.

Таа рече дека кога имала можност да оди на одмор во Туркије, сфатила дека знае повеќе турски отколку што мислела и додаде:

„По враќањето се запишав во Институтот ‘Јунус Емре’ (ИЈЕ) во Скопје за подобро да научам турски јазик. Тука го започнав курсот од ниво Б2.“

– „Благодарение на ИЈЕ, навлегов подлабоко во турската култура“ –

Раскажувајќи дека турскиот јазик го подобрила благодарение на следењето на наставата во една од летните школи организирани од ИЈЕ, Рашити рече:

„Додека престојував во Туркије имав можност да научам многу работи, не само турски. Се запознав со многу гранки на уметноста, турската култура и ја пробав турската храна. Благодарение на ИЈЕ, подлабоко навлегов во турската културата.“

Рашити рече дека покажала интерес кон уметноста уште од мали нозе и дека имала можност повеќе да се занимава со уметноста за време на епидемијата на Ковид-19 во периодот на полицискиот час.

Споделувајќи спомен од периодот на епидемијата, Рашити рече:

„Ова го користам многу пати како шега; ми снема хартија и почнав да цртам по ѕидовите. Полека ги цртав ѕидовите со боите што ги имав дома. Понекогаш цртав по чаши. Полека, полека, почнав да навлегувам подлабоко во уметноста.“

– Турските туристи често ја посетуваат работилницата на Рашити –

Рашити изјави дека нејзиното семејство многу ја поддржало во процесот на отворањето на ателјето во Старата скопска чаршија.

Наведувајќи дека туристите од Туркије често го посетуваат нејзиното ателје, Рашити рече:

„Тие не доаѓаат овде само за да ја видат уметноста или да купат уметнички дела и други производи. Понекогаш доаѓаат, се среќаваат со другите посетителите и разговараат меѓусебно.“

Осврнувајќи се на активностите во нејзината работилница, Рашити рече дека создава различни дела како калиграфија, витраж и ѕидна уметност.






AA

Read Previous

Сиљановска Давкова со честитка по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците

Read Next

Битиќи: Над 75 проценти од граѓаните се за членство во ЕУ, власта да каже која е алтернативата