ноември 22, 2024

Туркије годинава бележи раст во бројот на странски туристи за 7,1 отсто

Руските граѓани се најбројни, со 4,55 милиони, во периодот од јануари до август, а веднаш зад нив се туристите од Германија со 4,38 милиони и од Велика Британија со 3,1 милиони

Туркије во првите осум месеци од годинава пречека 35,8 милиони странски туристи, што претставува зголемување од 7,1 отсто во споредба со истиот период минатата година, објави денес турското Министерство за култура и туризам, јавува Анадолу.

Руските граѓани се најбројни, со 4,55 милиони, во периодот од јануари до август, а веднаш зад нив се туристите од Германија со 4,38 милиони и од Велика Британија со 3,1 милиони.

Истанбул, најголемиот град во Туркије и главна туристичка дестинација, прими 34,3 отсто од сите странски посетители, односно вкупно 12,27 милиони. Следува медитеранскиот туристички град Анталија, кој привлече 11 милиони странски туристи, додека Едрене, во северозападна Туркије, во близина на границите на Бугарија и Грција, пречека 3,36 милиони посетители.

Само во август, бројот на странски туристи што ја посетија Туркије достигна 6,82 милиони, што е пораст на годишно ниво од 2,47 отсто.

Минатата 2023 година Туркије ја посетија 49,2 милиони туристи, додека во 2022 година 44,5 милиони.




AA

Read Previous

Организациска директорка на клиника обвинета за злоупотреба на службена положба

Read Next

Орбан во дводневна посета на Македонија