20 Палестинци се убиени, а 76 се повредени во израелските напади врз Појасот Газа во последните 24 часа.
Бројот на Палестинци кои се убиени во нападите што израелската Армија ги изврши врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година се зголеми на 41.226, известува Анадолу.
Палестинското Министерството за здравство во Газа објави информации за нападите што Израел ги извршува врз Појасот Газа веќе 346 дена.
Во соопштението се наведува дека израелската Армија извршила 3 масакри во различни делови на Појасот Газа во последните 24 часа. Во овие напади убиени се уште 20 Палестинци, а 76 се повредени.
Бројката на убиени Палестинци во нападите на Израел врз Појасот Газа од 7 октомври досега се зголеми на 41.226, додека бројот на повредени изнесува 95.413.
Во соопштението се повторува дека сѐ уште има мртви луѓе под урнатините и на патиштата, но дека медицинските тимови и претставниците на цивилната одбрана не се во можност да стигнат до телата поради израелските сили.
AA