Тимот на Анадолу имаше можност да разговара со некои од туристите што ја впиваа атмосферата на ова место, сами или во групна посета со водич
Старата скопска чаршија претставува едно од најстарите и најзначајните културно-историски обележја во средиштето на главниот град на Северна Македонија, јавува Анадолу.
Овој простор, кој датира од османлискиот период, претставува уникатен спој на традиционалното и модерното, создавајќи неповторлива атмосфера што ги привлекува туристите од сите страни на светот.
Нејзината уникатност се состои во автентичната архитектура, постоењето на разни народи, многубројните занаети, како и развојот на богатата народна традиција.
Туристите од сите краишта на светот ја посетуваат чаршијата за да ја почувствуваат поинаквата атмосфера од останатиот дел на градот, да се запознаат со локалните занаети и да уживаат во вкусот на традиционалната храна што потсетува на богатите турски специјалитети.
AA