октомври 10, 2024

Хезболах истрела 30 ракети врз северен Израел

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека проиранската вооружена група Хезболах го нападнала северниот дел на Израел во текот на ноќта.

ИД соопшти дека околу 30 проектили биле истрелани од Либан кон областа Мерон во северен Израел.

Сите ракети паднале на отворени области и немало жртви, се додава во соопштението, пишува The Times of Israel.

ИД соопшти дека Израел одговорил со напад на друг ракетен фрлач на Хезболах.







TV21

Read Previous

Гервала: Затворање на границите, дестабилизирачки дејства на Србија

Read Next

Македонските фудбалери денеска против Фарски острови стартуваат во Лигата на нации