декември 3, 2024

Ердоган го осуди убиството на турско-американската активистка на Западниот Брег

Изјавата на Ердоган дојде по убиството на турско-американската активистка Ајшенур Езги Ејги од страна на израелските сили вчера за време на протестот против изградбата на нелегалните еврејски населби во градот Беита на окупираниот Западен Брег.

Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, вчера ја осуди варварската интервенција на Израел врз мирниот антиокупациски протест на Западниот Брег, известува Анадолу.

Изјавата на Ердоган дојде откако турско-американската активистка Ајшенур Езги Ејги беше убиена од израелските сили вчера за време на протестот против изградбата на нелегалните еврејски населби во градот Беита во областа Наблус на окупираниот Западен Брег.

„Ќе продолжиме да вложуваме напори на сите платформи за да ставиме крај на оваа окупациска и геноцидна политика на Израел, која трае речиси една година, во која се масакрирани 41.000 луѓе, меѓу кои и деца, младина и старци, и да го повикаме Израел на одговорност за сторените злосторства против човештвото“, рече Ердоган.

Тензиите низ окупираниот Западен Брег ескалираат во време кога Израел ја продолжува офанзивата врз Појасот Газа, во која од 7 октомври минатата година досега се убиени речиси 40.900 Палестинци, главно жени и деца.

Најмалку 691 лице се убиени, а повеќе од 5.700 се ранети од израелски истрели на Западниот Брег од 7 октомври, објави палестинското Министерството за здравство.





AA

Read Previous

За излез од државата преку ГП Богородица, Дојран и Табановце се чека повеќе од еден час

Read Next

Гервала: Затворање на границите, дестабилизирачки дејства на Србија